Се поблиску е 30-ти јуни кога на многу играчи во Европа им истекуваат договорите.
Некои играчи веќе знаат каде ќе ја продолжат кариерата откако ќе им истече договорот со нивниот секогаш клуб, додека пак други се уште не знаат кој дрес ќе го носат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од играчите на кои договорот им истекува за само шест дена може да се направи навистина одличен тим:
Џанлуиџи Буфон, Дани Алвес, Томас Вермален, Гери Кејхил, Фелипе Луис, Андер Ерера, Адриен Рабио, Франк Рибери, Даниел Стариџ, Макс Крус, Дани Велбек.
Многу од овие играчи се на залезот на својата кариера, но се уште можат да одиграат уште некоја сезона на највисоко ниво. Меѓутоа тука е и Адриен Рабио кој има само 24 години и кој уште ко нкрајот на минатата година одби да потпише нов договор со ПСЖ.
Покрај споменатите 11 има и уште играчи кои ќе бидат слободни од 1-ви јули.
Голмани: Гиљермо Очоа, Роберто Сантамариа и Адриан
Одбрана: Кристијан Запата, Антонио Валенсија и Алберто Морено.
Среден ред: Самир Насри, Адриен Рабио, Фран Рико и Андер Итураспе.
Напад: Марио Балотели и Фернандо Љоренте