Разделбата помеѓу Дани Алвес и Пари Сен Жермен до некаде беше и очекувано, но дел од јавноста можеби и беше изненадена.
После две години и пет освоени титули Бразилецот вчера на друштвените мрежи потврди дека го напушта ПСЖ за да започне ново поглваје во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Набрзо потоа пристигна вест дека Алвес водел преговори со Барселона и дека Каталонците ја разгледуваат опцијата да го вратат во своите редови.
Но не е само Барселона опција за Алвес. Покрај годините (36) за Алвес во опција се наводно уште четири дестинации – Манчестер Сити, Интер, Борусија Дортмунд и Гвангжу Евергранде.
Алвес со Манчестер Сити се поврзуваше и пред две години кога го напушташе Јувентус, Тоа тогаш изгледаше логична опција со оглед на тоа дека на „Етихад“ го чекаше Пеп Гвардиола. Меѓутоа Алвес го избра ПСЖ. Гвардиола и Алвес одлично се познаваат тука нема дилеми, а во оваа опција единствен проблем можеби е што Алвес би требало да ја прифати улогата на резерва на Кајл Вокер.
Интер пак има проблеми со десната страна каде што Д’Aмбросио е стартер, но навивачите разочарани од неговите настапи. Алвес дури и на 36 години би бил сериозно засилување за Интер посебно во системот кој го форсира Антонио Конте. Не треба да се заборави и дека Алвес не се раздели најдобро со Јувентус, а Интер може да му понуди нешто кое во Сити ќе го нема – минути и место во првиот тим.
Изненадување е името на Борусија Дортмунд, додека од Кинезите навикнавме да се обидуваат големите играчи кои се во поодминати години.
Останува да видиме за што ќе се одлучи Алвес.