Барселона е во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека е силно заинтересирана за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Тутуспорт“ пишува дека на „Сан Сиро“ пристигнала понуда од Барселона за Ромањоли. Каталонците понудиле 40 милиони евра плус еден играч, но Милан експресно ја одбил понудата.
„Росонерите“ категорично потврдиле дека нивниот капитен не е на продажба и ќе ја одбијат секоја понуда која ќе пристигне на нивна адреса.
Милан има проблеми со Финансискиот фер-плеј и можно е да продаде една од своите ѕвезди ова лето, но тоа сигурно нема да биде Ромањоли кој има статус на „недопирлив“.