Дома Фудбал Официјално: Тен Хаг во Ајакс до 2022 година!

Официјално: Тен Хаг во Ајакс до 2022 година!

Тренерот на Ајак, Ерик тен Хаг денес потпиша нов тригодишен договор и се обврза на верност со холандскиот гигант до 2022 година.

Тен Хаг доби нов договор како награда за одличната сезона во која Ајакс ја одбои титулата во Холандија и стигна до полуфиналето во Лигата на шампиони.

„Пресреќен сум. Имавме фантастична сезона и сега сакаме да го надградиме овој успех и клубот да оди напред. Резултатите кои ги остваривме беа фантастични и ќе биде многу тешко да се подобри тоа. Но, целите се тие и одиме напред. Стилот на фудбал одговара на Ајакс, но и на мене“, изјави 49-годишниот Холанѓанец.

Тен Хаг имаше неколку понуди од Премиер лигата и Италија, но сепак се одлучи да остане во Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…