Дома Фудбал Останато Фергусон даде свој предлог за засилување на Манчестер Јунајтед

Фергусон даде свој предлог за засилување на Манчестер Јунајтед

„Скај Спортс“ пренесува дека Сер Алекс Фергусон им предложил на челниците на Манчестер Јунајтед да го назначат Стив Волш за човек задолжен за консултации при регрутирање млади фудбалери.

Волш работеше во Лестер и Евертон, а во Лестер ги донесе Нголо Канте и Ријад Махрез кои станаа големи ѕвезди во Премиер лигата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Волш две години работеше и како спортски директор во таборот на Евертон, а би требало да има слична позиција и во Манчестер.

Сепак, се верува дека Вудвард нема да го прифати советот на легендарниот Ферги и нема да го ангажира Волш во Манчестер Јунајтед.

Познато е колкаво значење има зборот на Фергусон во Манчестер Јунајтед па нема да биде чудо доколку клубот го послуша и го ангажира Волш.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер Мајами прави клучен чекор во задржувањето на Меси!

Фудбалскиот клуб Интер Мајами води сериозни преговори со Атлетико Мадрид за трансферот на …