Навивачите и симпатизерите на Вардар кои ќе сакаат да се фотографираат со пехарот што „црвено-црните” по вторпат го освоија во Лигата на шампионите ќе ја имаат таа можност од утре па се до следната среда.
Европскиот ракометен првак Вардар организира „Отворен ден“ и на сите фанови ќе им овозможи во периодот од 19 до 26 јуни да можат да се фотографираат со пехарот освоен во Келн, во периодот од 15 до 20 часот.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Пехарот ќе биде во изложен во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански” веднаш штом се влезе низ главниот влез на големата сала.