Фактот што „Црвените ѓаволи“ нема да настапат во Лигата на Шампионите следната сезона им ги расипува плановите на клубот.
Голема штета е нанесена во клубот во ерата по Фергусон, тимот од „Олд Трафорд“ не е истиот по заминувањето на Шкотот. Сезона за сезона имаа само лоши резултати, големи промашувања во трансфер доменот (Санчез), а сега и нема да бидат меѓу најдобрите европси екипи во следната сезона. Јунајтед е меѓу најбогатите клубови во светот, но делува дека понекогаш ниту тоа не е доволно, барем кога станува збор за случајот со Ериксен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот на Тотенхем најави дека сака нов предизвик, Солксјер се распрашуваше за Данецот, но следеше јасен одговор НЕ од самиот играч и тоа од две причини. Според пишувањето на англиските медиуми, Ериксен сака да си оди во друга лига (Шпанија), а тука се разбира е и не играњето во Лигата на Шампионите.
Од оваа ситуација би можеле да профитираат „Пелите“, кој според пишувањето на „АС“ би биле спремни да понудат нов четиригодишен договор вреден шест милиони евра нето по сезона. Одличниот Данец изгледа дека нема многу избор доколку сака само во Мадрид, шансите полека растат во корист на останување во Лондон.