Капитенот на Арсенал, Лоран Кошчелни најверојатно ќе го напушти клубот ова лето, а најсилен интерес за 33-годишниот Францизин покажува Борусија Дортмунд.
Кошчелни пристигна во Арсенал во 2010 година и има договор со „топџиите“ на уште една година. Меѓутоа, Арсенал сака да се радели со Францизинот бидејќи сака да ја подмлади одбраната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна Кошчелни сака нова авантура во кариерата и е спремен да се пресели во Бундеслигата во дресот на „милионерите“.
Арсенал за неговата слобода бара 11 милиони фунти, сума која Борусија не е спремна да ја плати во овој момент. Меѓутоа, „Билд“ тврди дека двата клуба започнале преговори и се очекува наскоро да постигнат договор.
Кошчелни во последните две години имаше многу проблеми со повредите, па последната сезона одигра само 17 меча во Премиер лигата.
According to BILD, Laurent Koscielny is a 'serious option' for Borussia Dortmund as they look to add some experience to their defense this summer #BVB https://t.co/IpI06Q7W4O
— BVB Buzz (@BVBBuzz) June 13, 2019