Португалија во финалето од Лигата на Нации ја победи Холандија со 1:0 и така го освои првото издание на Лигата на Нации.
Кристиано Роналдо кој во полуфиналето постигна хет-трик, не одигра на своето ниво, а за тоа се заслужни Матијас Де Лихт и Вирџил Ван Дајк кои одлично го чуваа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот капитен после натпреварот се поздравуваше со играчите на Холандија.
Помеѓу оние со кои се поздрави беше и 19 годишниот Де Лихт.
После натпреварот Де Лихт откри дека Роналдо отворено го повикал да дојде во Јувентус.
„На почетокот не го разбрав, но да, тоа ме праша. Бев малку шокиран и се насмевав, но не му одговорив ништо“, изјави Де Лихт.
– “Did Ronaldo ask you to come play with him at Juventus?”
• Matthijs de Ligt: “Yes, there is a good chance he asked that. I was a little shocked about it so I didn’t say anything back to it.” [nos] pic.twitter.com/vFPnWkCcYV
— AFC Ajax ? (@TheEuropeanLad) June 9, 2019
Де Лихт е фудбалер кој се поврзува со бројни клубови во Европа. До пред некое време неговиот трансфер во Барселона изгледаше како завршена работа, но работите се променија, а Јувентус исто така е еден од заинтересираните клубови.
Останува времето и преодниот рок да покажат дали овие зборови на Роналдо кој лично го повикал Де Лихт ќе имаат влијание младиот стопер да се одлучи кариерата да ја продолжи во Торино.