Манчестер Јунајтед веќе се соочи со фактот дека Давид де Геа не планира да потпише нов договор, па клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да се раздели со голманот ова лето.
Договорот на Де Геа со „црвените ѓаволи“ истекува следното лето, па раководството прави напори да го продаде голманот ова лето, за да може да заработи на неговиот трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Де Геа е во преговори со ПСЖ, кој пак му нуди многу поголемаплата доколку дојде во Париз следното лето како слободен агент. Се претпоставува дека „црвените ѓаволи“ за голманот сега можат да добијат 60 милиони фунти, а Јунајтед е подготвен да му исплати на Шпанецот 20 милиони фунти.
Со тоа клубот ќе го убеди Де Геа да се пресели во Париз ова лето, но и ќе заработи 40 милиони фунти.
Де Геа знае дека може да добие договор од соништата ако во ПСЖ дојде како слободен агент, па Јунајтед е спред „свршен чин“ и поради тоа е спремен да му понуди 20 милиони фунти.
Man United to pay David De Gea £20m if he leaves for PSG now | @reluctantnicko https://t.co/Ip5nsEEWMt pic.twitter.com/sD0vgHDUN0
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) June 8, 2019