Дома Фудбал Италија Готово: Познато кој ќе биде тренер на Рома!

Готово: Познато кој ќе биде тренер на Рома!

На „Олимпико“ пристигнува Паоло Фонсека. Португалскиот стратег дефинитивно ќе биде нов тренер на Рома бидејќи италијанскиот клуб ги договори сите детали со Шахтјор кој ќе го пушти Фонсека во Рим.

Според информациите Римјаните на Украинците ќе им платат помеѓу два и два ипол милиони евра како оштета. Бидејќи Фонсека имаше важечки договор до летото 2020. Покрај таа сума договорени се бонуси и клазули со што во Шахтјор приближно ќе стигнат до сумата од пет милиони евра која ја бараа за Фонсека.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Самиот Фонсека би требало да потпише договор на три сезони, а неговата плата ќе му биде 2.5 милиони евра годишно. Ова за него ќе биде најголем предизвик во кариерата. Фонсека се докажа на клупата на Порто, Брага и Шахтјор, каде што веќе е три години и за тоа време освои двојна круна.

Фонсека не беше прв избор на сопствениците на Рома. „Волчицата“ прво го контактираше Гасперини, но Италијнецот потпиша нов договор со Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фаворитите рутински, Арсенал го доби ПСЖ, Милан падна во Левекузен

Исклучително возбудлива и ефикасна ноќ во Лигата на шампиони каде стрелците беа расположен…