Милан запиша голема победа на гостувањето кај Реал Мадрид со резултат 3:1 во Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот на „росонерите“, Пауло Фонсека по натпреварот даде интересна изјава поради која ќе се навредат голем број поддржувачи на шпанскиот гигант.
„Никој надвор од Италија не разбира колку е тешко да се игра против калчолигаш. Многу се потешки натпреварите во Италија. Дуели со Монца и Каљари се потешки отколку дуел со Реал Мадрид“, кажа Фонсека.
Милан со победата против Реал се врати во борбата за пласман меѓу 24-те најдобри екипи кои ќе го продолжат натпреварувањето во Лигата на шампионите.