Стоперот на Ајакс, Матијас де Лихт со своите игри оваа сезона го привлече вниманието на европските гиганти и се очекува да биде главна ѕвезда на трансфер пазарот ова лето.
Најголемите европски клубови се борат за потписот на младиот дефанзивец, а тој ќе мора да избере една, од петте понуди кои ги има на маса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ ги соопшти имињата на клубовите кои испратиле понуда за Де Лихт. Очекувано, Барселона е најсериозен кандидат, а покрај шпанскиот шампион за неговите услуги во трка се уште ПСЖ, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Сепак, сите тимови имаат само еден услов. Бараат Де Лихт да одлучи за седум дена и да ја соопшти конечната одлука, за да можат да бараат алтернативи на трансфер пазарот.
Весникот тврди дека Де Лихт одлуката за продолжување на кариерата му ја препуштил на својот менаџер, Мино Раиола. Италијанскит менаџер ги преферира Пари Сент Жермен и Ливерпул, па во моментов овие два клуба се во пол-позиција за неговиот потпис.