Во 89 година од животот почина поранешниот претседател на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) Ленарт Јохансон, човекот кој ја основа елитната Лига на шампионите.
УЕФА објави дека сите натпревари од квалификациите за пласман на ЕП 2020 ќе започнат со минута молчење.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ленарт Јохансон беше на чело на УЕФА од 1990 до 2007 година и е еден од најзаслужните за формирањето на Лигата на шампионите но и развојот на УЕФА како една од најмоќните и најстабилните спортски организации во светот.
„УЕФА се разви до обично административно тело до динамична и модерна спортска организација. За време на неговиот мандат започна Лигата на шампионите која стана најпрестижно клупско натпреварување . Националните репрезентации доживеаја подем, додека Европското првенство стана светски настан“, објави УЕФА.
It brings everyone at UEFA tremendous sadness to learn of the death of our former President, Lennart Johansson.
Our thoughts and condolences are with Lennart's friends, family and the wider world of football. A huge loss to the game. pic.twitter.com/kd90zwjUCY
— UEFA (@UEFA) June 5, 2019