Дома Македонски спорт Скубе ја израдува Македонија: Сергеј останува, долговите ни беа исплатени пред Келн – нема црно сценарио!

Скубе ја израдува Македонија: Сергеј останува, долговите ни беа исплатени пред Келн – нема црно сценарио!

Репрезентативецот на Словенија и член на Вардар Сташ Скубе во разговор за словенските медиуми откри дека сопственикот Сергеј Самсоненко не ги оставил играчите без мотивација и им ги исплатил долговите пред тргнат за Келн.

Во Вардар многумина оваа сезона не веруваа, а ЕХФ пред сезоната не ги сместуваше ниту во топ 10 фаворити за пласман во Келн. Пред крајот на сезоната дојде и објавата на Самсоненко дека повеќе не може да инвестира сам во клубот и побара помош.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но и покрај тоа што беа отпишанува цела сезона и пред скоро секој натпреваро некој посилен противник ракометарите на Вардар стигнаа до европската титула, втора во последните три години.

Сега Скубе откри дека поголемиот дел од долгот Сергеј Самсоненко им го исплатил пред да настапат на турнирот во Келн.

„Најголемиот дел од долговите Самсоненко ни ги исплати пред фајнфор турнирот во Келн и ни вети премија“, откри Скубе за медиумите во Словенија после грандиозниот пречек на плоштадот во Скопје.

Освен тоа тој потврди дека Самсонеко останува во клубот и најави стабилна состојба.

„Според последните информации за кои сега можеме да зборуваме Сергеј останува, а ќе останат и голем број играчи. Црното сценарио нема да се случи. Темни облаци над Вардар нема. Ситуацијата е во ред и ќе продолжиме нормално да работиме и идната сезона“, откри Скубе.

Скубе откри и кога се случил тој пресврт.

„После натпреварот против Пик Сегед во кој обезбедивме фајнлфор Сергеј влезе во соблекувална и ни кажа дека 100% останува“.

Ова се секако се фантастични вести за македонската спортска јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…