Голмајсторот на Барселона, Луис Суарез полека влегува во четвртата деценија од животот, па каталонскиот клуб почна да му бара замена.
Суарез има уште две години од договорот со Барселона, но шпанските медиуми тврдат дека за Уругваецот следната најверојатно ќе биде последна сезона на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, новоформираниот клуб Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам испратил примамлива понуда до Суарез. Клубот ќе започне од 2020 година да се натпреварува во најсилната МЛС лига во САД и го сака Уругваецот во своите редови.
Суарез тогаш ќе има 33 години, ќе добие многу богат договор и шанса да ја заврши кариерата во САД, па сериозно размислува да ја прифати понудата.
Поради тоа каталонските медиуми тврдат дека Суарез ќе ја одигра последната сезона во Барселона, а потоа ќе му се придружи на Ибрахимовиќ и Руни во САД.
Esport3: Beckham wants to sign Luis Suarez for Inter Miami https://t.co/oG5jqSZztz
— SPORT English (@Sport_EN) June 4, 2019