Дома Македонски спорт ДОМИНАЦИЈА: Пет вардарци во идеалниот тим на ЛШ!

ДОМИНАЦИЈА: Пет вардарци во идеалниот тим на ЛШ!

На еден ден пред завршниот фајнлфор турнир во Келн ЕХФ денес го објави идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите во кој доминира – Вардар!

Во изборот на ЕХФ според гласањето на навивачите Вардар доби дури пет свои претставници.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Македонскиот шампион ги има најдобриот голман, најдоброто лево крило, најдобриот десен бек, десно крило и тренер.

Дејан Милосваљев, Тимур Дибиров, Даинис Кристопанс и Иван Чупиќ се најдоа во идеалниот тим, додека Роберто Гарсија Парондо беше избран за тренер на овој тим.

Од останатите клубови двајца играчи доаѓаат од Веспрем (Кентин Мае и Блаж Благотиншек), а по еден од ПСЖ (Микел Хансен), Килеце (Јулен Агинагалде) и Барселона (Лудовик Фабрегас).

Вардар на фајнлфор турнирот утре во полуфиналето ќе игра против Барселона (18:00 часот).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…