Дома Фудбал Италија Официјално: Гасперини ја одби Рома, останува во Аталанта

Официјално: Гасперини ја одби Рома, останува во Аталанта

Џанпјеро Гасперини направи вистинско „чудо“ оваа сезона во Серија А и со Аталанта избори пласман во Лигата на шампиони, откако заврши на 3-то место на табелата.

61-годишниот стартег беше поврзуван со тренерското столче во Рома. „Волчицата“ му понуди 3 милиони евра по сезона, па медиумите тврдеа дека сигурно ќе се пресели на „Олимпико“.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Сепак, после состанокот со претседарелот на Аталанта, Перкаси, тој одлучи да остане и потпише нов договор со „божицата“.

Финансиските детали од договорот не се познати, но Гасперини се одлучи да остане во Аталанта и следната сезона да игра во Лигата на шампиони со тимот од Бергамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неапол гори, Наполи е шампион на Италија

Наполи е шампион на Италија по 4-ти пат во својата историја, откако во последното коло го …