Дома Фудбал Англија Сон: Луѓето стануваат во 4 часот наутро за да ме гледаат!

Сон: Луѓето стануваат во 4 часот наутро за да ме гледаат!

Фудбалерот на Тотенхем, Сонг Хеунг-Минг е свесен дека голем број на негови фанови во Јужна Кореја ќе го гледаат финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул.

И самиот Сон додека живеел во Јужна Кореја станувал во раните утрински часови за да го гледа финалето од Лигата на шампионите. Тој во 2009-та година го следел својот сонародник Парк Џи-Сунг на финалето помеѓу Јунајтед и Барселона и сега свесен е дека многу луѓе во неговата земја ќе го гледаат финалето поради него.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тоа беше нешто посебно за сите во Јужна Кореја затоа што Парк бешее првиот Азиец кој настапи во финалето од Лигата на шампионите. И самиот сакав да бидам на негово ниво во мојата кариера и сега тоа се оствари“, изјави Сон.

Ливерпул и Тотенхем во сабота ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите во Мадрид.

„Поради временската зона, луѓето во Јужна Кореја мора да го гледаат финалето во раните утрински часови. Поради тоа, многу сум им благодарен за поддршката и сигурно ќе дадам 100% од себе си за да ги израдувам. Мора да станат наутро, а некои потоа и ќе работат. Знам дека тоа не е лесно“, изјави Сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…