Дома Фудбал Ќе биде супер интересно: Мурињо и Венгер седнуваат на иста маса и ќе имаат директен судир!

Ќе биде супер интересно: Мурињо и Венгер седнуваат на иста маса и ќе имаат директен судир!

Арсен Венгер и Жозе Мурињо немаат баш некоја почит еден кон друг и тој ривалитет ќе продолжи.

Финалето во Лигата на шампионите нема да помине без Жозе Мурињо и Арсен Венгер.

Тренерите кои водеа голема борба во Премиер лигата како тренери на Манчестер Јунајтед и Арсенал сега се слободни, но на некој начин ќе бидат дел од финалниот натпревар во Лигата на шампионите.

Мурињо и Венгер ќе бидат стручни коментатори на „беИН Спортс“ телевизијата која во живо ќе го пренесува финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем.

Двајцата ќе бидат на стадионот „Ванда Метрополитано“ и ќе водат дебата за самиот натпревар.

Ќе виде интересно, имајќи ги превид нивните судири од минатото. Мурињо го нарече Венгер „специјалист за неуспех“ уште во 2014 година, а сигурно се сеќавате на нивниот близок контакт пред две години кога малку недостасуваше да дојде до физички контакт помеѓу двајцата стратези.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд го презеде врвот, Бруно падна дури на 11. место во изборот на „Скај спортс“

Новинарите на „Скај спортс“ ја обновија листата на 25 најдобри играчи во Премиер лигата. Х…