Дома Трансфер зона Пјаниќ со пораката на социјалните мрежи ги загрижи навивачите на Јувентус (ФОТО)

Пјаниќ со пораката на социјалните мрежи ги загрижи навивачите на Јувентус (ФОТО)

Уште една сезона во Серија А е завршена, Миралем Пјаниќ со Јувентус стигна до своето трето Скудето во низа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последните недели на големо се шпекулира дека Пјаниќ ќе го напушти Јувентус, но тоа може многу да зависи од новиот тренер на „старата дама“.

Еден од најдобрите играчи за врска е желба на најбогатите европски клубови, а најмногу се поврзува со Пари Сен Жермен.

После натпреварот против Сампдорија во кој Пјаниќ не играше Босанецот испрати мистериозна порака преку социјалните мрежи.

„Му благодарам на Јувентус за оваа убава сезона. Следуваат два натпревари со репрезентацијата, а потоа малку одмор до почетокот на следната сезона, како и секогаш со иста цел, да се освои се“, порача Пјаниќ.

Оваа порака ги загрижи навивачите, па еден навивач во коментар го запраша:

„Поради оваа порака лоши мисли ми помминуваат низ главата, треба ли да се грижиме?“, запраша еден навивач.

иќ,

Потоа доби одговор и од Пјаниќ.

„Ова беше благодарност до сите вас на поддршката“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…