Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед се откажа од Де Лихт: Холанѓанецот на чекор од Барса

Манчестер Јунајтед се откажа од Де Лихт: Холанѓанецот на чекор од Барса

Во текот на вчерашниот ден „бомбастично“ одекна информацијата дека Матијас де Лихт може да се пресели во Манчестер Јунајтед. Но, веќе денес „Скај Спорт“ објави дека „црвените ѓаволи“ се откажале од трката за Холанѓанецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонското радио „РАК 1“ пишува дека Јунајтед е многу блиску до ангажман на Де Лихт и дека спремиле понуда која Холанѓанецот едноставно нема да може да ја одбие.

Сепак, еминентниот „Скај Спортс“ од свои извор пренесува дека Манчестер Јунајтед се откажал од намерата да го ангажира младиот стопер.

Тоа повторно ја прави Барселона фаворит за доведување на 19-годишниот стопер, особено поради фактот што и самиот Де Лихт преферира преселба на „Камп Ноу“.

Ајакс за словодата на својот капитен бара 80 милиони евра, но Каталонците ќе се обидат преку преговори да ја намалат цената на дефанзивецот, а во прилог им одат добрите односи со холандскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…