Дома Трансфер зона Ѕвездата на Манчестер Сити се сели во Катар

Ѕвездата на Манчестер Сити се сели во Катар

Ѕвездата на Манчестер Сити, Давид Силва може да го одиграл последниот меч за „граѓаните“, тврдат медиумите на Островот.

33-годишниот Шпанец на маса има мега-понуда од катарски клуб, кој му нуди 2-годишен договор и плата од 12 милиони фунти по сезона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Силва е еден од најискусните фудбалери во тимот на Гвардиола. Тој пристигна на „Етихад“ во 2010 година и беше клучна фигура во освојувањето на сите четири титули на „граѓаните“ во Премиер лигата.

Неговиот договор со Манчестер Сити истекува следното лето, но медиумите тврдат дека Силва може уште сега да си замине од „Етихад“.

„Би било вистински шок ако Силва замине, но тој доби неверојатна понуда и сериозно размислува да ја прифати. Во моментов е поверојатно да замине, отколку да остане“, открива извор близок до фудбалерот.

Доколку Силва одлучи да замине, „граѓаните“ ќе се насочат кон 22-годишниот Јури Тиелеманс, во кого гледаат идеална замена за Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…