Пеп Гвардиола овие денови многу се поврзува со Јувентус, а сега наводно се дополнително „масло на огнот“ додал Масимилијано Алегри.
Италијанската новинска агенција АГИ во четвртокот објави дека тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се договорил за соработка на четири години со договор вреден 24 милиони евра. Тие тврдеа и дека се ќе биде објавено на 4-ти јуни, а новиот тренер во Торино ќе биде претставен на 14-ти јуни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од членовите на управата на Сити утрово демантираше дека Пеп оди во Јувентус, но такво сценарио и понатаму не е исклучено.
Причина за новата бура од реакции била изјавата на сега веќе поранешниот тренер на Јувентус, Алегри.
Алегри присуствувал на отварање на еден ресторан во Милан. На тој настан група гости го запрашале кои ќе биде новиот тренер на Јувентус, а тој наводно им одговорил: Доаѓа тренер од Манчестер.
Ако ваквите информации се точни тогаш изборот се сведуван а две имиеа – Пеп Гвардиола и Оле Гунар Солскјер.
Ќе потсетиме, Алегри го напушта Јувентус поради неуспехот во Лигата на шампионите, натпреварување кое беше главна цел на „старата дама“ и каде што Јувентус беше елиминиран во четвртфиналето од Ајакс.