Maнчестер Сити во изминатите десетина години вложи огромна сума во засилувања.
Повеќе од милијарда фунта „граѓаните“ издвоија за нови фудбалери, а констатното доведување на скапоцени и големи имиња во главно им ја затвараше вратата на младинците на овој тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако на своите играчи не им даваат премногу шанса, академијата на Манчестер Сити работи навистина одлично, а од неа во изминатите години излегоа неколку големи имиња.
Англиските медиуми денес составија тим кој вреди 300 милиони фунти и тоа од играчи кои во Сити ги сметаа за непотребни.
Неколкумина од нив веројатно би можеле да бидат дел од првиот тим на Сити. Пред се тоа се однесува на денешната ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џадон Санчо.
Санчо беше продаден на Борусија Дортмунд за нешто помалку од девет милиони фунти во 2017 година, а две години подоцна вредноста на овој фудбалер е нешто помалку од 100 милиони фунти.
Направи Сити тогаш голема грешка со овој фудбалер, но не е единствениот од кој Сити прелесно се откажа.
Од академијата на Сити излегоа уште: Рони Лопез (Монако, 35 милиони евра), Киеран Трипиер (Тотенхем, 40 милиони евра), Џејсон Денајер (Лион, 30 милиони евра)…
Листата на отпишани од страна на „граѓаните“ е навистина долга, а тие на други места покажаа дека и тоа како вредат.