Одлична вест доби македонскиот голман Дејан Илиев кој е дел од тимот на Арсенал.
„Топџиите“ на 29-ти мај во Баку ќе го играат финалето од Лигата на Европа против Челзи, а дел од овој голем европски натпревар ќе биде и Дејан Илиев.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, поради новото правило кое УЕФА го донесе за финалистите во двете европски натпреварувања (Лигата на Европа и Лигата на шампионите), тимовите да имаат по 12 резервни играчи Илиев ќе се најде на клупата на англискиот клуб.
Спореди информациите од Островот, Унаи Емери одлучил да им даде шанса на некои помлади играчи да бидат на клупата и да соберат важно искуство во нивните кариера.
Од правилото на УЕФА освен Илиев би можеле да профитираат Нкеита, Вилок, Сака и Амеачи. Во следните денови Илиев ќе тренира со првиот тим на Арсенал и очекувањата се да се најде на конечниот список патници за Баку.
Кога во прашање е првиот избор на голманската позиција за Арсенал се очекува тоа да биде Петар Чех на кого тоа ќе му биде последен натпревар во неговата кариера.
Ќе потсетиме поради политички причини Арсенал за овој натпревар нема да може да смета на Хенрик Микхтаријан.