Дома Фудбал Англија Леверкузен го исмејува Ливерпул и табелата без никаква смисла која ја направи „ЕСПН“

Леверкузен го исмејува Ливерпул и табелата без никаква смисла која ја направи „ЕСПН“

Англиските медиуми вчера објавија интересно истражување кога во прашање е бодувањето на екипите во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Премиер лигата заврши минатиот викенд, а Манчестер Сити успеа да ја одбрани титулата шампион на Англија со еден бод повеќе од второпласираниот Ливерпул.

„Црвените“ скоро 29 години чекаат на титула шампион на Англија и тоа сигурно е најголемата рана на навивачите на овој клуб. Англискиот „ЕСПН“ вчера објави табела на бодување според која Ливерпул би бил шампион.

Имено, тие направија табела во која головите од поголема далечина се сметаат двојно .Во тој случај Ливерпул би бимал 99 бодови, а Манчестер Сити 98.

Но, оваа табела наиде на исмејување во јавноста, а сега се огласи и Баер Леверкузен кој преку својот Твитер профил испрати порака.

„Ние би ја освиле Премиер лигата ако нашите бодови се сметаа двојно во Англија“, порачаа од Леверкузен.

Секако, тие сакаа да испратат порака дека правењето вакви табели нема никаква смисла.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хакими жали за ремито со Бразил – смета дека испуштиле победа против фаворитот!

Капитенот на Мароко Ашраф Хакими изјави дека натпреварот против Бразил не беше лесен, но д…