Вчера Ајакс ја победи со 1:4 во натпреварот против Де Графшап и така ја обезбеди титулата шампион на Холандија.
Еден од најдобрите потези на овој натпревар го изведе младиот Френки Де Јонг кој забележа еден фантастичен слалом.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Суперталентираниот фудбалер кој се сели во Барселона тргна со топката од својата половина, помина неколку противнички играчи и стигна до шеснаесетникот каде што беше соборен и изнуди најстрога казна која ја реализираше Душан Тадиќ.
Amazing De Jong, amazing pic.twitter.com/sMi7Nnt6p5
— Messi é o melhor e só isso que importa (@messizista) May 15, 2019
После натпреварот Де Јонг зборуваше за својата иднина и за тоа како ќе се чуствува што ќе има прилика да го гледа Лионел Меси секој ден со него на тренинзите.
„Ќе го гледам Меси секој ден на тренинзите и тоа е навистина нешто неверојатно за мене. Мислам дека топката ќе му ја додавам само на него“, низ насмевка прокоментира Де Јонг.