Дома Фудбал Синиша Михајловиќ забележан како тргна да се пресметува со навивач, полицијата го спречи (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ забележан како тргна да се пресметува со навивач, полицијата го спречи (ВИДЕО)

Италијанската полиција мораше да интервенира и да го запре тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ кој се обиде да се пресмета со еден навивач на Лацио кој го навредувал.

Српскиот стратег беше на стадионот во Рим на вчерашното финале во Купот на Италија помеѓу Лацио и Аталанта, а пред стадионот дошло до инцидент.

Пред натпреварот на „Олимпико“ навивачите на Лацио имаа жесток судир со полицијата, а камерите на „Раи“ забележаа и судир на еден ултрас и Михајловиќ.

Михајловиќ се движел кон стадионот кога како што тврдат медиумите во Италија навивачот започнал да му испраќа расистички навреди.

Тоа предизвика бурна реакција кај Михајловиќ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук пред европски пресврт: Две победи му отворија пат до огромен скок

Максималниот старт во Конференциската лига не носи само бодови: сплитскиот клуб има шанса …