Дома Фудбал Германија Поради тоа се големи: Баерн го спасува славниот германски клуб од распаѓање!

Поради тоа се големи: Баерн го спасува славниот германски клуб од распаѓање!

Баерн Минхен одлучи да помогне на Кајзерслаутен во најтешката клупска борба во историјата.

Поранешниот шампион на Германија се наоѓа во тешка ситуација. Поради големите долгови Каизерслаутен не може да добие лиценца за натпреварување во третата германска лига наредната сезона. Баерн сега одлучи да им помогне.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во Баерн одлучија да организираат натпревар за спас на Каизерслаутен. Натпреварот ќе се одигра на 27-ми мај на „Фриз Валтер“ стадионот и целиот приход од натпреварот ќе оди за добивање на потребната лиценца.

„Каизерслаутен е еден од најголемите германски клубови. Со нив игравме многу легендарни натпревари. Фудбалот живее поради емоцијата, спортското ривалство и солидарноса. Затоа одлучивме да им помогнеме и се надеваме дека наскоро ќе се вратат во Бундес лигата“, изјави директорот на Баерн, Карл Хајнц Румениге.

Тимот на Каизерслаутен четири пати беше шампион на Германија. Последната титула ја освоија во 1998 година и тоа во голем стил. Влегоа во Бундес лигата и го шокираа фудбалскиот свет.

Од 2006 година овој тим најголем дел поминува во Цвајт. Од Бундес лигата последен пат испаднаа пред седум години, а минатата година отпаднаа во третиот ранг од германскиот фудбал.

Финансиите им претставуваат проблем. Долговите им се огромни, а Баерн на овој начин ќе се обиде да им помогне.

Не е ова прв пат Баерн да им помага на германските тимови. Помогнаа на Борусија Дортмунд кога овој тим беше пред распаѓање поради финансиски проблеми, но за тоа се дозна дури неколку години подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

За Сколс не е виновник само Тен Хаг: „Удри“ по управата и по петмина фудбалери на Манчестер Јунајтед!

Легендарниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс не е задоволен од начинот на …