Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри тврди дека Ајакс има среќа во Лигата на шампионите.
Ајакс оваа сезона го воодушеви фудбалскиот свет исфрлувајќи ги Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите, а на добар пат се и да го елиминираат Тотенхем бидејќи во првиот натпревар во Лондон славеа со 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Ајакс добива признанија од целиот фудбалски свет за играта која ја прикажува оваа сезона, Алегри смета дека до овој успех холандскиот тим стигнал со многу среќа.
„Го примивме првиот гол после 37 минутуи и го постигнаа буквално од никаде. Чуствувавме поголем страв од пораз на полувремето отколку што требаше. Тоа беше тешко да се објасни“.
„Ајакс играше против нас кога ни недостигаа пет играчи, а против Тотенхем играа кога овој тим не можеше да смета на две ѕвезди во нападот, додека Реал го победија кога беше во голема криза. Ајакс е добар тим, но за да стигне до таму каде што е сега имаше и многу среќа“, порача Алегри.
Го коментираше потоа и поразот на Ливерпул од Барселона со 3:0.
„Тоа е многу едноставно, Ливерпул имаше три големи прилики да постигне гол, Барселона имаше четири и постигнаа три гола. Зошто? Затоа што нивните играчи се на повисоко ниво и направија разлика во клучните ситуации“, објасни италијанскиот стратег.