Дома Фудбал Англија Новинарите го избраа играчот на сезоната во Премиер лигата

Новинарите го избраа играчот на сезоната во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг прогласен е денес за фудбалер на годината во Англија во изборот на Здружението на фудбалските новинари.

Стерлинг оваа сезона игра фантастично и ги предводи „граѓаните“ кон нова титула во Премиер лигата. Постигна 17 погодоци во првенството, а вкупно 23 во сезоната, при тоа запиша 17 асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Стерлинг победи со 62% од гласовите, а второпласиран во изборот на FWA е одбранбениот играч на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк кој претходно беше прогласен за најдобар од страна на Здружението на професионални фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Сака ноќни забави, постојано доцни, непрекинато е на телефон“: Рафиња прозборе за навиките на Јамал

Фудбалерот на Барселона, Рафињa, гостуваше во емисијата „A guest and a half“ на Јутјуб кан…