Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Вардар стигна до бод против Беласица, Шкендија ја наполни мрежата на Шкупи

ПМФЛ: Вардар стигна до бод против Беласица, Шкендија ја наполни мрежата на Шкупи

После денешните натпревари од првата македонска фудбалска лига Шкендија ја зголеми предноста на врвот на табелата.

Денес Шкендија ја наполни мрежата на Шкупи и славеше убедлива победа од 5:1, додека Вардар одигра 1:1 против Беласица.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тетовци со два гола на Имери и еден на Алими уште на полувремето направи предност од 3:0, за во второто полувреме Имери да стигне до хет-трик и да погоди Ибраими за „петарда“ во мрежата на Шкупи. Единствениот гол за Шкупи го постигна Бајрами.

Вардар губеше против Беласица од 36-тата минута кога Георгиев ја погоди мрежата на црвено-црните. Вардар до изедначување стигна на десетина минути пред крајот преку Херанз.

Академијаа Пандев славеше против Работнички со 3:1, Силекс ја победи Победа со голот на Рајковиќ, додека Македонија Ѓ.П со 3:1 прослави победа против Ренова.

Сега на табелата Шкендија е прва со 69 бода, Вардар е втор со 58, а потоа следуваат Академија Пандев (50) и Шкупи (42).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…