Интер планира да направи вистинска реконструкција на тимот во летниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Покрај сериозните најави дека на кормилото може да дојде Антонио Конте, спортскиот директор Марота веќе работа на големи засилувања на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мауро Икарди кој се очекува да го напушти Интер на крајот на сезоната после целиот скандал, а „нероаѕурите“ веќе ја започнаа потрагата по негова замена.
Француските медиуми пренесуваат дека Интер испратил понуда тешка 60 милиони евра за ѕвездата на Лил, Николас Пепе.
23-годишниот напаѓач е вистинска сензација оваа сезона во Лига 1 и го привлече вниманието на многу европски гиганти меѓу кои Арсенал, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед.
Втората голема желба за летниот преоден рок е мароканскиот играч за врска од Ајакс, Хаким Зијех.
Зијех одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а неговата моментална цена изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Мароканецот оваа сезона има неверојатна статистика, на 43 меча постигна 19 гола и запиша 20 асистенции.
Non solo #Pepé, l'#Inter è anche su #Ziyech https://t.co/5IzYbA6KWl pic.twitter.com/ByUHeDbtyY
— calciomercato.com (@cmdotcom) April 22, 2019