Дома Останати Кошарка Со минимална победа Карпош Соколи подобри на гости кај Кожуф

Со минимална победа Карпош Соколи подобри на гости кај Кожуф

Кошаркарите на Карпош Соколи го совладаа Кожув во последниот натпревар од 5.коло на македонската Супер лига.

Во докрај неизвесниот натпревар одиграна вечерва во Гевгелија, гостите во Скопје победија со 79:77.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кендрик Пери и Драган Лабовиќ постигнаа по 17, Доминик Мавра 16 поени во победничката екипа.

Кај тимот на Кожув, воедно и на натпреварот, најефикасен беше Миливоје Мијовиќ со 23 поени, дедека Американецот, Кенион Мек Нил постигна 17.

На двете средби кои се одиграа порано, шампионот, МЗТ Скопје Ааеродром потешко од очекуваното го совлада Куманово со 81-76, додека Работнички беше убедлив против Фени Индустри со 84-69.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 10 бода, Карпош Соколи 9, Работнички 8, Кожув 6, Куманово 6, Фени Индустри 6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Толку од НБА: Богдан Богдановиќ може да се врати во Европа, познато и кој клуб е фаворит!

Богдан Богдановиќ би можел наскоро да направи чекор кој би предизвикал голем интерес во ев…