Дома Фудбал Англија Видео: „Граѓаните“ рутински до многу важна победа

Видео: „Граѓаните“ рутински до многу важна победа

Манчестер Сити ја продоли серијата на победи откако славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 3:1.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити одлично го отвори натпреварот и дојде до водство уште во 15-та минута со голот на Рахим Стерлинг, резултат со кој се замина на одмор.

Во второто полувреме домаќините спорадично се закануваја, но Стерлинг во 63-та минута зголеми на 2:0.

Лука Миливојевиќ ја врати надежта на лондонскиот тим во 81-та минута со прекрасен гол од слободен удар. Меѓутоа, неколку минути подоцна Габриел Жесус ги постави конечните 3:1.

Сити во моментов има 83 бодови на првата позиција на табелата, па сега притисокот е врз Ливерпул пред големото дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Слот сака големо засилување, најдобриот голман во светот може да пристигне во Ливерпул!

Летната сезона донесе неколку навистина интересни одлуки од страна на Управниот одбор на Л…