Дома Фудбал Италија Интер и Милан потрошиле по 700 милиони евра, а зад Јувентус заостануваат повеќе од 220 бодови

Интер и Милан потрошиле по 700 милиони евра, а зад Јувентус заостануваат повеќе од 220 бодови

Jувентус денес во рамките од 32-то коло во Серија А гостува кај екипата на СПАЛ и во овој натпревар „старата дама“ има прилика да го потврди осмото Скудето во низа и така да ја продолжи доминацијата во италијанскиот фудбал.

Тимот на Масимилијано Алегри на седум кола пред крајот има огромни 20 бодови предност пред Наполи, кој пак има седум повеќе од Интер. Доколку денес заврши Серија А, Јувентус во последните осум години направил предност од вкупно 118 бодови пред Наполи. Тоа е навистина, многу, но не е ништо во споредба со останатите „конкуренти“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома во тој период заостанува 153 бода, но апсолутни „шампиони“ во оваа категорија се Милан и Интер. „Росонерите“ зад Јувентус заостануваат 224 бодови, а Интер неверојатни 236 бодови. Колку миланските клубови не водеа добра клупска политика доволно говори податокот дека во тој период тие потрошија по 700 милиони евра на засилувања, а не се ниту блиску до „старата дама“. Наполи во тој период потрошил 550 милиони евра на засилувања, но барем во последните две сезони е во каква-таква игра за титулата.

Актуелниот и иден шампион на Италија во истиот период потрошил 1.05 милијарда вера, но барем може да се пофали дека добро инвестираше. Јувентус освои осум титули во низа, играше две финалиња во Лигата на шампионите и стана еден од најсилните клубови во светот.

Во истиот период клубот од Торино продаде играчи за 700 милион иевра, што значи дека за шампионските години потрошиле „само“ 300 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…