Дома Фудбал Германија Откриени детали: Познато зошто се степале Коман и Левандовски на тренингот на Баерн

Откриени детали: Познато зошто се степале Коман и Левандовски на тренингот на Баерн

Роберт Левандовски и Кингсли Коман и понатаму се во центарот на вниманието откако се степаа на тренингот на Баерн во четвртокот.

Оваа вест ги шокираше навивачите на германскиот клуб и веруваа дека се работи за лажна информација, но не беа во право. Тренерот на овој клуб, Нико Ковач вчера потврди дека дошло до тепачка и дека главни актери биле Левандовски и Коман.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да се случи нешто непосакувано. Но, ние тројца после тренингот разговаравме и двајцата се извинија, жал им е за тоа што се случи“, гласеше изјавата на Ковач.

Исто, така објавено е дека Левандовски ги изгубил нервите бидејќи сметал дека Коман не го сфаќа сериозно тренингот и одлучил да му одржи предавање, но Коман не бил премногу расположен да го слуша полскиот напаѓач.

Левандовски потоа физички го нападнал Коман, а останатите играчи реагирале на време и спречиле да дојде до уште поголем инцидент. Германски „Билд“ и утрово пишуваше за скандалот во клубот од Минхен и донесе детални информации од ситуацијата.

„Роберт Левандовски веќе подолго време е лут на Коман поради неговиот однос кон натпреварите и посебно тренинзите. Причината е што премногу дрибла и многу малку додава, а скоро никогаш не уфрлувал топка за Левандовски. Левандовски посебно бил лут за натпреварот кој Баерн го изгуби од Леверкузен“, пишува утрово „Билд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…