Дома Фудбал Останато Азар: Среќен сум што Зидан се врати во Реал Мадрид

Азар: Среќен сум што Зидан се врати во Реал Мадрид

Белгискиот репрезентативец Еден Азар по кој знае кој пат ги коментираше гласините за трансфер во Реал Мадрид.

Ѕвездата на Челзи „нема мир“ од враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид. Повторно Азар се поврзува со трансфер во Реал Мадрид на лето, но Белгиецот упорно одбива тоа да го потврди. Сепак неговите изјави и тоа како предизвикуваат сомневања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Азар јасно порача дека е голем фан на Зидан.

„Не сум играч на Реал Мадрид, но како љубител на фудбалот бев многу среќен што се врати бидејќи тој е човек кој му е потребен на фудбалот“, изјави Азар за „РМЦ Спорт“.

„Тоа е добро за сите навивачи на Реал и за сите кои го сакаат фудбалот. Додуша некои нема да бидат воодушевени, Реал со Зидан победува многу полесно“, порача Белгиецот.

Потоа тој доби директно прашање за неговата иднина, но следуваше политички одговор.

„Мојата иднина не е нешто за што сакам да разговарам сега, ќе зборуваме кога ќе дојде време. Гласини постојат и ќе постојат секогаш. Јас се уште играм во Челзи. Ќе биде супер ако ја освоиме Лигата на Европа и обезбедиме место во Лигата на шампионите наредната сезона“, одговори Азар.

Единствена надеж на Челзи за да го задржи Азар е тимот да се пласира во најелитното европско натпреварување, во спротивно Азар сигурно ќе го напушти тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …