Дома Фудбал Рома ќе биде „италијански ПСЖ“

Рома ќе биде „италијански ПСЖ“

Се погласни се шпекулациите дека катарските сопственици на Пари Сент Жермен сакаат да го купат италијанскиот клуб Рома.

Иако сопственикот на Рома, Џејмс Палота негираше дека инвеститори од Катар се заинтересирани за клубот, сепак пристигнуваат потврди од сите страни.

Најпрво еминентниот „Екип“ ја пласираше веста, а сега и италијанските медиумите потврдуваат дека сопствениците на ПСЖ се спремни да ја купат Рома.

„Qatar Sports Investments“ кој е сопственик на ПСЖ сака да влезе во Италија и после долго следење на ситуацијата се одлучиле тоа да биде Рома. Италијанскиот клуб веќе соработува со Катар преку спонзорот „Qatar Airways“.

Семејството Ел Келаифи не сака да вложува во мали клубови и сака да инвестира во светски метрополи, па после Париз на ред е Рим.

Медиумите тврдат дека потребно ќе биде доста време за да се заврши купопродажбата, но преговорите наводно се веќе започнати.

„Qatar Sports Investments“ со купувањето на Рома сака да направи нов амбициозен фудбалски проект сличен на оној во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Половина од головите на Вила се негови: Џексон му праќа порака на Челси

Николас Џексон постигна пет гола во осум премиерлигашки настапи за Астон Вила, откако лето…