Дома Фудбал Италија Ова е доказ дека никој не ја сака Рома како Даниеле Де Роси

Ова е доказ дека никој не ја сака Рома како Даниеле Де Роси

Фудбалерите на Рома овој викенд играат на свој терен против Удинезе во рамките на 32. коло од италијанската Серија А.

На „Волчицата“ секој натпревар и е важен, бидејќи се борат со сите сили и следната сезона да играат во Лигата на Шампионите. Меѓутоа, Рома повеќе нема право на кикс, но не се премногу оптимистични со оглед дека ситуацијата во екипата и не е баш одлична. Кладуио Раниери го превзеде кормилото на римскиот клуб, а очекувањата на навивачтие се многу големи. Покрај лошата атмосфера во соблекувалната, проблем за Раниери претставуваат и повредите на играчите.

Тоа најмногу се однесува на Даниеле Де Роси кој минатиот викенд и донесе победа на Рома. Сепак, капитенот на Рома има проблеми со повредата не левото колено и претходните денови не тренираше со екипата. Меѓутоа, Де Роси денеска се појави во тренинг кампот на Рома и му кажа на Раниери дека е подготвен за натпреварот без оглед на се. Де Роси и на тој начин покажа колку му значи екипата и сака да му помогне на тимот во борбата за Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Братот на Игуаин навреди судијка и веднаш доби отказ

Фудбалскиот клуб Columbus Crew од американската MLS лига му врачи отказ на Федерико Игуаин…