Дома Фудбал Останато „Скај Спорт“: Мурињо имал контакт со два клуба од Серија А, за еден би ги намалил своите барања

„Скај Спорт“: Мурињо имал контакт со два клуба од Серија А, за еден би ги намалил своите барања

mourinho

Жозе Мурињо би можел да се врати и одново да работи во Серија А.

Португалскиот тренер Жозе Мурињо после не така успешната сезона во Манчестер Јунајтед би можел кариерата да ја продолжи во Серија А.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Пред неколку недели Португалецот најави дека ќе се врати во јуни.

„Тренерската работа е навистина посебна. Уживам во секојдневната работа и сакам да се вратам ова лето, на самиот почеток на сезоната. Знам точно што сакам и затоа неодамна одбив три-четири понуди. Не зборувам за имиња на клубови, но според стилот на клубот точно знам што сакам и се надевам дека ќе одработам добра работа“, изјави неодамна Мурињо.

Потоа се појавија информации дека би можел во Баерн, а сега „Скај Спорт“ пишува дека Рома и Интер веќе оствариле контакти со „Специјалниот“.

Мурињо Интер го предводеше од 2008 до 2010 година и со овој клуб два пати беше шампион на Италија и стигна до титулата во Лигата на шампионите. Според информациите на „Скај“ Мурињо од неговиот иден клуб сака 10 милиони евра по сезона, но наводно за Интер спремен е да ги намали неговите барања и да прифати осум.

Португалецот кон средината на декември го напушти Манчестер Јунајтед, а освен Интер работеше уште во Челзи, Реал Мадрид, Порто, Леирија и Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трајковски ќе почека за првиот натпревар под водство на Гатузо

Сплитски Хајдук вчера играше пријателски натпревар против тимот на Радомље, а за овој натп…