Репрезентацијата на Македонија се најде на 68-то место на најновата ФИФА ранг листа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во квалификациите за Европското првенство во 2020 година Македонија имаше одличен старт. Отворивме со победа против Летонија од 3:1 на домашен терен, а потоа одигравме реми на гости против Словенија (1:1) и мора да се каже дека имавме добри прилики да го добиеме и овој натпревар.
Победата и ремито беа доволни за Македонија да го повтори најдобриот пласман кој го имаше во последните осум години.
Сега со освоени 1350 бодови се наоѓаме зад ОАЕ, а пред Гвинеја.

Кога е нашата група во од квалификациите за ЕП во прашања Израел скокна осум позиции и сега е на 84-тата позиција, Австрија забележа голем пад 11 места (34-та позиција), Словенија е пет места пред нас на 63-тата позиција, Летонија е 134-та, додека Полска и понатаму е најдобро рангирана на 20-тата позиција.
Кај првото трио на врвот промени немаше, Белгија е лидер и зад неа следуваат Франција и Бразил. Англија напредуваше една позиција на сметка на Хрватска и сега „Гордиот Албион“ е на четвртата позиција, додека Хрватите се петти. Уругвај ја помина Португалија на шестата позиција и тоа се единствените промени во топ 10. На осмата, деветтата и десеттата позиција останаа репрезентациите на Швајцарија, Шпанија и Данска.
