Дома Фудбал Забележавте ли како играчот на Виљареал се сокри од „бомбата“ на Меси? (ФОТО+ВИДЕО)

Забележавте ли како играчот на Виљареал се сокри од „бомбата“ на Меси? (ФОТО+ВИДЕО)

Аргентинскиот велемајстор, Лионел Меси вчера уште еднаш покажа дека слободните удари се негова специјалност и втор натпревар во низа постигнува гол од слична позиција.

Барселона губеше со 4:2, а тогаш Меси со мајсторијата од слободен удар најави големо враќање на Каталонците. Некоја минута после голот на Аргентинецот Луис Суарез погоди за изедначување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа денес откако во шпанските медиуми убаво се анализираше новата мајсторија на Меси се забележи дека еден играч од Виљареал му помогнал на Меси да го постигне овој гол.

Шутот на Меси беше навистина силен и прецизен и голманот Асенхо немаше можност да направи нешто. Сепак, Бонера можеше да спречи топката да заврши во мрежата. Овој играч ја спушти главата кога топката минуваше блиску до него, а коментарите од фудбалската јавност се дека еден фудбалер не смее да си дозволи таква реакција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…