Барселона вчера во драматичен натпревар против Виљареал одигра 4:4 на гостински терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на каталонскиот тим Ернесто Валверде одлучи за овој натпревар на клупата за резерви да ги остави Иван Ракитиќ, Лионел Меси и Жерар Пике.
Иако Барселона добро го отвори натпреварот и после 16 минтуи имаше предност од 2:1 Виљареал успеа да стигне до пресврт и водеше со 4:2 се до 90-тата минута. Тогаш Лионел Меси кој во игра влезе во 61-та минута постигна нов гол од слободен удар за 4:3, а во судиското продолжение Луис Суарез постигна гол за бод на Барселона во овој натпревар.
Ракитиќ како и Меси во игра влезе во второто полувреме, додека Пике остана на клупата. Сепак и тоа не го спречи дефанзивецот да влезе во расправија со еден од играчите на Виљареал.
Откако играчот на Виљареал Алваро заработи црвен картон, Пике имаше нешто да му каже, а на Алваро тие зборовит баш и не му се допаднаа па влезе во расправија со фудбалерот на Барселона.
@3gerardpique – World class player ,Referee ,Manager,
Director? pic.twitter.com/s7Y3iRXGcN— Jimmy (@jimmy5_11) April 2, 2019