Дома Фудбал Италија Ѕвездата на Фиорентина имаше сообрајќајна несреќа

Ѕвездата на Фиорентина имаше сообрајќајна несреќа

Младата ѕвезда на Фиорентина и италијански репрезентативец, Федерико Киеза попладнево имал сообрајќајна несреќа.

За среќа италијанските медиуми пренесоа дека фудбалерот не е повреден, но во болница е пренесен моторциклист кон учествувал во инцидентот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Инцидентот се случил во Фиренца попладнево помеѓу плоштадот Пучини и улицата „Виа Барака“. Киеза со својот „Мини Купер“ се судрил со скутер и останал неповреден, но возачот на моторот е пренесен во болница.

Киеза поради мускулна повреда е надвор од тренажен процес и секако нема да игра викендов во натпреварот против Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан не сака да погреши како Реал: Иако Модриќ игра фантастично, тие веќе имаат негов наследник

Синоќа, Милан оствари голема победа на гостувањето кај Болоња (0:3) во 23-то коло од итали…