Дома Фудбал Репрезентации После 69 години Бразилците ја враќаат старата боја на дресовите! (ФОТО)

После 69 години Бразилците ја враќаат старата боја на дресовите! (ФОТО)

Ja знаетели историјата на дресовите на Бразил?

Кога трагично изгубија финале на Светското првенство во 1950 година на „Маракана“ пред 200.000 фанови, Бразилците одлучија да ја променат бојата на дресови.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


До тогаш никогаш немаа триумфирано на едно Светско првенство, а промената на бојата на дресовите во жолто-зелени беше вистинска одлука за суеверните Бразилци, бидејќи на наредните пет Мундијали од кога ги сменија дресовите освоија три.

Каква била бојата на дресовите пет 1950 година?

Бела, со сини детали, а токму таквата гарнитура ќе биде вратена во употреба на наредното големо натпреварување на кое ќе играат „Кариоките“.

На „Копа Америка“ Бразил ќе настапи во бели дресови, а жолтите и понатаму ќе бидат дресови кои ќе бидат примарни.

Инаку, Бразилците на едни добри стари времиња потсетија и во неодамна одиграниот пријателски натпревар против Чешка.

Репрезентацијата на Бразил одигра многу подобро во последниот пријателски натпревар против Чешка за разлика од оној од пред неколку дена кога „Кариоките“ ремизираа со Панама.

Сега Бразил со резултат 3:1 славеше победа против Чешка. Головите ги постигнаа во завршницата од натпреварот. Најубав беше последниот кога овој тим на Бразил барем малку потсети на легендарниот стил на „Кариоките“ кој го имаа во минатото.

Негрес, Алас и Жесус одработија навистина одлична акција. На крајот можеби сликата малку ја нарушува што голот не беше постигнат во првиот обид, но акцијата секако заслужува чиста „десетка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…