![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2019/03/ronaldo-6-850x491.jpg)
Кристиано Роналдо избегна суспензија во четвртфиналето од Лигата на шампиоите против Ајакс.
Роналдо после прославата на третиот погодок во реваншот од осминафиналето против Атлетико Мадрид одлучи да „му врати“ на Диего Симеоне и му испрати провокација со тоа што прослави со фаќање за меѓуножјето.
Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓
УЕФА одлучи да му прогледа низ прсти на Португалецот го казни само со парична казна од 20.000 евра за провокативната прослава.
Новинарите на „АС“ во текот на натпреварот помеѓу Португалија и Србија ја искористија приликата да го прашаат Роналдо што мисли за суспензијата.
Напаѓачот на Јувентус беше изненаден од прашањето, а откако размисли неколку секунди одговори – Нормално.
Јасно е дека покрај милионите кои ги има собрано во својата кариера оваа казна буквално не е ништо за Португалецот, па од таму и неговата ваква реакција.