Дома Топ вести Реал Мадрид се вклучи во трката за „бисерот“ на Рома

Реал Мадрид се вклучи во трката за „бисерот“ на Рома

Откако Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид, медиумите пишуваат дека ќе направи големи промени во играчкиот кадар.

Флорентино Перез успеа да го наговори францускит стратег да се врати на кормилото, но му даде и одврзани раце на трансфер пазарот за да креира тим по своја мерка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во шпанските медиуми неколку денови се шпекулира дека Реал Мадрид го сака младиот играч на Рома Николо Заниоло кој со своите настапи ја воодушеви фудбалската јавност оваа сезона.

Зидан и тоа како е заинтересиран за овој фудбалер и според информациите сака на лето да го види на „Сантијаго Бернабеу“. Реномираната „Марка“ пренесува дека „кралевите“ веќе спремиле понуда за него и дека таа наскоро ќе пристигне на адреса на Рома.

Се пишува дека Реал Мадрид испратил понуда од 60 милиони евра за „бисерот“ на Рома, бидејќи сака да го подмлади тимот, а во него гледа идеално засилување за во иднина.

За Занило интерес покажуваат уште Јувентус, Пари Сен Жермен и Манчестер Сити. Меѓутоа ако и се верува на „Марка“ Реал Мадрид го направил првиот конкретен чекор.

https://youtu.be/IKqWQm0QAdk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…