Дома Трансфер зона Гвардиола спреми 80 милиони за ѕвездата на Атлетико Мадрид

Гвардиола спреми 80 милиони за ѕвездата на Атлетико Мадрид

Англискиот шампион Манчестер Сити е блиску до договор со Атлетико Мадрид за трансфер на играчот за врска Саул Нигез, пренесува еминентниот „ЕСПН“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според медиумот менаџерот Пеп Гвардиола во Шпанецот гледа идеален наследник за Фернандињо, откако му пропадна обидот да го донесе Френки де Јонг од Ајакс, кој заврши во Барселона.

24-годишниот Саул е еден од најдобрите играчи за врска во Примера и „јорганџиите“ се надеваат дека од неговата продажба ќе инкасираат 120 милиони евра, но „ЕСПН“ тврди дека се спремни да се разделат со играчот за понуда од 80 милиони евра.

Барселона веќе подолго време покажува интерес за Саул и сака да го донесе на „Камп Ноу“, но Манчестер Сити успеа да ја победи конкуренцијата и е пред реализација на трансферот.

https://youtu.be/zSyW0RtjHZ8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…